5-7 септември 2019 година во

Охрид, Република Северна Македонија

5-7 септември 2019 година во

Охрид, Република Северна Македонија

14 Меѓународен балкански конгрес за образование и наука, што ќе се одржи од 5-7 септември 2019 година во Охрид, Република Северна Македонија, претставува важен форум за презентација на новите резултати и достигнувања од истражувањата во теоријата и практиката на образованието.

Конгресот е престижен настан организиран за да им овозможи на универзитетските професори и научници размена на информации, дискусија за најновите иновации, споделување на искуствата и сознанијата за различни аспекти на квалитетот во областа на образованието.

Главна тема

Главна тема

КВАЛИТЕТОТ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ОБРАЗОВНИ ПРОЦЕСИ

Како последица на минатите и на актуелните промени во различни општества  во светот,  научниците се соочуваат со глобални предизвици кои се однесуваат на сите аспекти на образованието – да се најде решение за постојаното менување на реалноста и да се обезбедат начини за стекнување одржливи знаења и способности за новите генерации. Големата разновидност на образовните стандарди во различни земји ги претставува различните образовни критериуми.

Глобалниот развој е неизбежно поврзан со потребата за дефинирање и за спроведување на современото значење на квалитетот во образованието.

Званични јазици на конференцијата се македонски и англиски.

Пленарно предавање

Пленарно предавање

проф. д-р Искра Џонова Попова
Универзитет во Стокхолм, Шведска
Оддел за компјутерски и системски науки

Важни датуми

Важни датуми

Краен рок за доставување апстракт: 10.6.2019 г.
Известување за прифаќање на апстрактот: 30.6.2019 г.
Уплата на котизација: 15.7.2019 г.
Доставување на целосниот труд: 30.10. 2019 г.
Објавување на  електронското издание на трудовите: 15.12.2019 г.